ССМ: Недела неработен ден, да се повлече од собраниска процедура и да не се расправа

t

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара измените околу недела неработен ден итно да се повлечат од собраниска процедура.

,,На овој начин се врши кршење на законските одредби и подривање на принципите за градење на националните стратегии и политики во сите области, а најзначајно во областа на работно – правните односи по пат на социјален дијалог со активно учество на социјалните партнери. Поради тоа ССМ како најброен и репрезентативен синдикат бара предложените измени и дополнувања на ЗРО да се повлечат од собраниска процедура, затоа што не е спроведена постапка на анализа и целосен увид на резултатите од досегашната примена на одредбите од законот за недела неработен ден за да можат да се видат ефектите од примената на овие одредби, па дури потоа да се преземаат активности за подобрување на законскиот текст, но не во правец на намалување на правата на работниците” , објавија од ССМ на нивниот Фејсбук профил.

,,Уште еднаш укажуваме дека ССМ бара Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден, да се повлече од собраниска процедура и да не се расправа, ниту пак да се гласа по истиот затоа што во донесувањето на законските измени исклучени се од учество работниците и синдикатите, како и поради тоа што овие измени преставуваат намалување на правата на работниците”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…