Објавено на:

70 милиони денари за проекти од програмата за рамномерен развој во Североисточниот регион

t

Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој, преку програмата за рамномерен регионален развој во 2021/22 година, обезбеди 70 милиони денари за проекти во општините од Североисточниот регион. Проектите ги имплементира Центарот за развој на Североисточниот Плански Регион, а предвидено е да се завршат до крајот на годината. 

Во Куманово се работи на проектот „Изградба на смарт парк – Градски парк Куманово“, кој предвидува реконструкција на постоечките и изградба на нови рекреативни содржини, како и инсталирање на нова модерна урбана опрема, единствена во градот. Вредноста на целата инвестиција е од 11,22 милиони денари (околу 180 илјади евра).

  • Во Општина Кратово одобрени се средства за реконструкција на Домот на култура, т.н. Турски затвор, кој е споменик на култура и за еден сообраќаен проект за подобрување на сигнализација и визуелизација и поставување на табли во самиот град. Во Општина Крива Паланка планирано е довршување на еден проект кој го работиме во неколку фази, практично вмрежување на движење освен на жителите на Крива Паланка и туристите. Проекто се вика „За поубава Крива Паланка“, предвидено е поставување на бекатон плочки, меѓутоа и поставување на настрешница и табли кон манастирот Јоаким Осоговски. Во Општина Ракновце приоритет им беше да се интервенира на три локации, реконструција на локалниот пат Ветуница-Ранковце, Десетак Милин до Крајчина Маало и третиот е реконструкција на улици во селото Ранковце, вели Младен Протиќ, директор на Центарот за развој на Североисточниот плански регион. 

Во Општина Старо Нагоричане дадоа предлог за две активности, и тоа едната е реконструција на локален пат од маало Попчинци до маало Богдановци, а вториот е реконструкција на општинската зграда, со објект за промоција на туристичкиот потенцијал и прием на репрезентативни гости кои ја посетуваат општината.

Општина Липково со сопствено учество ќе работи на изградба на патишта до селото Отља и во село Виштица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесени се 900 апликации за реализација на…

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека заклучно со…

(Фото-галерија) Балканот се буди! Масовни протести во…

Првите неколку месеци од оваа година на…

Меѓу СТОТЕ најбогати луѓе во регионот има…

Листата на 100-те најбогати во регионот традиционално…

Македонија има најниска просечна плата во регионот

Словенците заработуваат најмногу, а Македонците најмалку во…

Како Јакимовски ја гледа Македонија за пет…

Немаме наставници по математика, физика, географија и…