Објавено на:

Украинците се жалат: Русија ѝ испратила на Сирија околу 100.000 тони пченица украдена од почетокот на инвазијата

t

Русија ѝ испратила на Сирија околу 100.000 тони пченица украдена од Украина од почетокот на инвазијата, соопшти украинската амбасада во Бејрут, оценувајќи дека станува збор за „криминална активност“.

Амбасадата соопшти дека пратките вклучуваат пратка на бродот „Матрос Позинич“ под руско знаме, кој кон крајот на мај се укотви во сириското пристаниште Латакија.

Податоците на „Рефинитив“ покажуваат дека бродот натоварил пченица во Севастопол на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година и дека на 19 мај тргнал со својата дестинација во Сирија. Сателитските снимки на PBC Planet Labs од 29 мај покажаа дека бродот се закотвил во Латакија.

Украинската амбасада во Либан, повикувајќи се на украинските власти, тврди дека житото на тој брод е „украдено“ од украинските магацини во областите неодамна окупирани од руските сили. Руското Министерство за одбрана и сириското Министерство за информации не одговорија на барањето на медиумите за коментар.

Русија ги негира обвинувањата за кражба на жито во Украина. „Пченицата е украдена од магацин во кој се чува пченица од три украински региони“, соопшти амбасадата. „Тоа е криминална активност“, велат и додаваат дека веќе се обратиле до сириските власти, но не добиле одговор.

Од амбасадата посочуваат дека во Сирија во последните три месеци пристигнале повеќе од 100.000 тони „украдена“ украинска пченица. Тоа по сегашни цени од над 400 долари за тон вреди повеќе од 40 милиони долари.

Русија вети дека ќе испорача еден милион тони пченица во Сирија според билатералниот договор во 2021 година, пренесе Интерфакс. Украинското Министерство за земјоделство минатиот месец соопшти дека од окупираните региони се украдени 500.000 тони пченица.

Житото се испраќа или во Русија, главно од Харков, Доњецк и Луганск, или до Крим од регионите Запорожје и Херсон, според министерството. Херсон почна да извезува жито во Русија, објави ТАСС оваа недела, повикувајќи се на локален руски функционер, без да наведе како се плаќа. Украина минатиот месец му се заблагодари на Египет што го одби рускиот брод за жито за кој Киев исто така тврди дека е украден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…