Турската инфлација на највисоко ниво во последните 20 години
Инфлацијата во Турција во мај се крена на највисоко ниво во последните 20 години, достигнувајќи 73,5% на годишно ниво. За само еден месец потрошувачките цени пораснале за 2,98%, покажуваат официјалните податоци.
Сепак, порастот е помал од претходните месеци, што сигнализира дека ценовните притисоци може да се забавуваат.
Во мај, Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата до крајот на 2022 година од 46,44% на 57,92%.
По неколкуте намалувања на каматните стапки минатата година, нагло забрза намалувањето на вредноста на лирата, што негативно се одрази на финансискиот систем на земјата.
Годишната инфлација потоа забрза на 36% поради флуктуациите на националната валута.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…