Зеленски убеден: Победата ќе биде наша!
„Победата ќе биде наша“, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во кратката видеопорака објавена на Инстаграм, по повод 100-тиот ден од руската инвазија на неговата земја.
„Претставниците на државата се тука, бранејќи ја Украина веќе 100 дена”, рече тој во пораката од 36 секунди, стоејќи пред зградата на претседателската канцеларија во Киев, до премиерот Денис Шмигал и шефот на пратеничката група на владејачката украинска партија и еден од главните преговарачи со Русија, Давид Арахамија.
Видео пораката е објавена по повод 100-тиот ден од руската инвазија и потсетува на уште една порака што Зеленски ја сними на 25 февруари, ден откако руските сили ја нападнаа Украина, на истото место и со истите соработници, за да влеат доверба кај Украинците.
„Сите сме тука, нашите војници се тука, граѓаните, општеството, сите сме тука во одбрана на нашата независност, нашата држава”, рече тогаш Зеленски.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…