Поплавени патишта во Флорида, има и заглавени автомобили
Во некои делови на Јужна Флорида патиштата денеска беа поплавени по обилните дождови и ветерот што ги донесе бурата од Мексико.
Официјални лица на Мајами ги предупредија возачите на поплави долж патиштата, наведувајќи дека голем број автомобили се заглавени, пренесе АП.
„Ова е ситуација опасна по живот. Не се препорачува патување во сегашните услови. Подобро е да се почека“, беше објавено во предупредувањето на Твитер профилот на градот Мајами.
Градските служби влечеа возила заглавени на поплавените патишта.
Националниот центар за следење на урагани во Мајами објави дека бурата наречена Агата на Пацификот ќе го носи името Алекс во областа на Атлантикот, доколку достигне статус на тропска бура.
Предупредување за тропска бура е на сила за делови од државите на источниот брег на САД, северозападно од Бахамите и Бермудите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Флорида изврши две смртни казни, првпат по…
Американската сојузна држава Флорида изврши две смртни…
(Видео) Огромен пожар во Флорида!
Пожарите западно од Мајами сега изгореа речиси…
Флорида го тужи ChatGPT: Обвинет е за…
Сојузната држава Флорида стана првата американска држава…
(Видео) Експлодираше ракетата на Џеф Безос за…
Ракетата „Њу Глен“ на „Блу Ориџин“ експлодираше…
Двојно убиство на Универзитетот на Јужна Флорида:…
Поранешен студент на Универзитетот на Јужна Флорида…