Објавено на:

Пахор: Иницијативата Отворен Балкан не е алтенатива за членство во ЕУ

t

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, за албанскиот портал „Албаниан пост“ изјави дека ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за мир и стабилност во регионот.

Пахор истакна дека Отворен Балкан има потенцијал да ја подигне економската соработка на целосно ново ниво и оти би придонел секоја земја „поединечно подобро да се подготви за Европската Унија“.

Меѓутоа, сакам да бидам многу јасен за тоа, иницијативата Отворен Балкан не е алтернатива за членството во ЕУ – истакна Пахор.

Тој додаде дека „ниту една регионална соработка не е алтернатива за членството во ЕУ“.

Пахор потенцира дека ги поддржува и Берлинскиот процес, Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Регионалниот совет за соработка (РЦ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…