Објавено на:

Папата Франциск повика на „вистински преговори“ за Украина

t

Денеска се обележува пазникот Духови и папата Франциск повика да се стапи кон „вистински преговори“ поради опасната ескалација на конфликтот во Украина.

„Додека беснее лудилото на уништување и смрт и се разгорува конфликтот, поттикнувајќи ескалација која е се поопасна за сите, го повторувам мојот повик кон водачите на народот: ве молам, не го водете човештвото во пропаст“, истакна поглаварот на Католичката црква во своето обраќање од прозорецот на Апостолската палата, пред 25.000 луѓе на плоштадот „Свети Петар“

Вчера, за време на средбата со децата во Ватикан Папата потврди дека сака да ја посети Украина, посочувајќи дека го чека „вистинскиот момент“ за истото.

„Би сакал да одам во Украина, само треба да се причека вистинскиот момент за тоа, бидејќи не е лесно да се донесе одлука која може да му нанесе повеќе штета отколку добро на светот. Морам да го најдам вистинскиот момент за тоа.“, рече папата Франциск, одговарајќи на прашање на едно украинско момче и надополнува со тоа дека следната недела ќе прими претставници од украинската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…