Нова воена операција? Турција ќе ја обезбедува границата со Сирија, Ердоган најави нови “операции”
Турција ќе преземе мерки за обезбедување на границата со Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави „Хуриет дејли њуз”.
„Ќе ги решиме безбедносните проблеми со нови операции”, рече Ердоган на 30-тиот состанок за консултации и оценка на владејачката Партија на правдата и развојот.
Турскиот претседател истакна дека Турција создаде услови за враќање на повеќе од 500.000 сириски бегалци во безбедносните зони поставени во претходните турски прекугранични операции.
Ердоган, исто така, рече дека Владата презела чекори за да ја претвори турската армија, која е „исчистена од ФЕТО” (организацијата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен), во една од најмодерните армии во светот.
Турскиот претседател додаде дека во претходните операции во северна Сирија и северен Ирак, турската војска го избришала „коридорот на теророт што требало да се создаде” долж јужните граници на земјата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган го ратификува договорот за заедничка одбрана…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално го…
Турција го суспендира безвизниот режим за граѓаните…
Со указ на турскиот претседател Реџеп Таип…
Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…
Владата на Румен Радев одобри испраќање до…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…