Масакар во католичка црква во Нигерија: Има десетици жртви меѓу кои и деца
Се стравува дека десетици верници, меѓу кои и деца, биле убиени денеска за време на неделна богослужба во католичка црква во југозападна Нигерија.
Според „Дојче веле“, напаѓачите користеле огнено оружје и наводно експлозиви.
Анакурин Акередолу, гувернерот на нигериската држава Ондо, го осуди „гнасниот и сатанистички“ напад врз црквата Свети Франциск, ветувајќи дека ќе ги фати напаѓачите.
Засега нема потврди за бројот на загинати или повредени, но се стравува дека бројот на жртви би можел да биде голем. Во црквата во моментот на нападот имало деца, па се стравува дека меѓу жртвите има и најмлади.
Лекар во болница во Ове, град во оваа држава во југозападна Нигерија, потврдил за новинар на „Ројтерс“ дека „неколку верници биле донесени без знаци на живот“.
Некои медиуми објавија дека верници биле киднапирани од црквата, но таа информација не е потврдена.
Нигерија, најнаселената африканска земја, беше место на чести напади и киднапирања од вооружени банди, главно во северозападните делови на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструмот од Грац ѝ испратил проштално видео…
Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на десет…
„Беше тивок, никогаш не би рекол дека…
Во масакрот во училиштето во Грац убиени…
Во масакрот во Грац убиена 15-годишната Леа…
15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина…
Убиецот од Цетиње бил условно осуден, експлозив…
Вршителот на должноста директор на полициската управа…
Масакр во џамија во Саудиска Арабија, над…
Најмалку 31 лице загина при воздушен напад…