Во Струга почнува судењето за гинекологот кој на родилка и извади матка, јајник и бубрег..

t

Во Струшкиот суд започнува првото рочиште против докторот гинеколог Мухамед Асани, кој на родилката Јилдиз Веаповска и извади бубрег, матка и јајник. Судењето е јавно, а обвинението го поднесе тамошното обвинителство. На рочиштето, ќе се појави и родилката Веапоска која битката ја водеше јавно.

54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга се гони за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа.

Како здравствен работник, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, односно во една соба од неговиот дом, налик на ординација која не била регистрирана и означена. Во период од 7 години, тој прегледувал бремени пациентки, и им наплатувал по илјада денари, а за примените средства не издавал никаков доказ.

При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство пред 2 години, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му беше забрането да извршува здравствена дејност. Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…