Катар: Навивачите кои ќе донесат кокаин ќе се соочат со смртна казна
Англиските таблоиди Daily Star и The Sun наведуваат дека навивачите кои ќе се обидат да прошверцуваат кокаин во Катар може да се соочат со смртна казна.
Секако, нема да биде најстрого казнет секој прекршок поврзан со дрога, но тоа е само предупредување за строгите законски одредби во земјата домаќин на годинешното Светско првенство.
Властите во Катар нема да прават исклучоци ни за домашни, ни за странски државјани. Странските амбасади немаат моќ кога станува збор за кривични дела, особено за прекршување на законот за дрога. Оние кои внесуваат дрога, особено тешки како кокаин, ризикуваат затворска казна или смртна казна и парична казна до 44.000 фунти, според Daily Star.
Катар е многу конзервативна земја каде што се почитува исламската традиција. Тие имаат нулта толеранција за конзумирање на секаков вид на дрога.
The Sun наведува дека конзумирањето на разни видови дроги на фудбалските стадиони е сè почесто, но дека катарските власти тоа сигурно нема да го дозволат на нивните стадиони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп прифати авион вреден стотици милиони долари…
САД прифатија луксузен авион дониран од Катар…
Саудиска Арабија и Катар го отплатија долгот…
Светската банка денеска објави дека Саудиска Арабија…
„Катар ервејс“ ќе купи 160 авиони од…
Американскиот претседател Доналд Трамп и емирот на…
Шпански судии ќе ја делат правдата на…
Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одреди официјалните…
Македонските ракометари денес на мегдан со Катар…
Македонија денеска игра против ракометната репрезентација на…