Катар тврди дека сè уште посредува меѓу САД и Иран
Катар продолжува да посредува и да пренесува пораки меѓу САД и Иран „со цел да се изгради заедничка основа што ќе ги приближи ставовите и ќе доведе до мирно решение“, изјави денеска портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед Ал-Ансари.
Доха ќе продолжи со овие напори, рече тој, додавајќи дека посредниците одржуваат состаноци и разменуваат можни решенија меѓу двете страни за да се стави крај на седуммесечниот конфликт, пренесува Ал Џезира. Тој нагласи дека Катар работи на „деескалација и на воспоставување целосна слобода на пловидба во Ормускиот Теснец“.
„Катар ги осудува нападите врз инфраструктурата, енергетските капацитети и бродовите, бидејќи тоа ги загрозува интересите на луѓето и ги крши принципите на меѓународното право и добрососедските односи“, рече Ал-Ансари. Тој додаде дека тековната регионална криза ги загрозува испораките на енергија, храна и индустриски добра и го зголемува притисокот врз глобалната економија.
Исто така, истакна дека војната меѓу САД и Израел предизвикува значителна штета на глобалната економија и дека претстојната зимска сезона дополнително ќе ја влоши ситуацијата, со оглед на блокадата на испораките на енергенси. Катар денеска ги осуди и израелските коментари во врска со заземањето територии во Либан и Газа и повика да се обезбеди непречена испорака на помош за Палестинците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…