Османи утре во официјална посета на Република Турција
Министерот за надворешни работи на Република С. Македонија, Бујар Османи утре ќе оствари официјална посета на Република Турција, при што ќе се сретне со неговиот турски хомолог, Мевлут Чавушоглу.
Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина.
Освен со својот домаќин, Османи ќе оствари средба и со претседателот на големото национално Собрание на Турција, Мустафа Шентоп. На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи, Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30 годишнината на независноста на С. Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…