Уште таа фали: Шпанија ја разгледува опцијата да испорача тенкови во Украина
По написот на весникот „Ел Паис” дека Шпанија разгледува опција за да испорача борбени тенкови и противвоздушни системи на Украина, реагираше и министерката за одбрана Маргарита Роблес, која не ја потврди, но не ја ни отфрли иницијативата.
– Не можам ниту да ја потврдам, ниту да ја демантирам вистинитоста на веста, изјави Роблес кога и беше побарано да го коментира тврдењето на Ел Паис.
Роблес ги опиша испораките на оружје за Украина по руската инвазија како „исклучително деликатно прашање” кое бара „најголема дискреција” во изјава за локална телевизија, пренесува ДПА. Таа истакна дека Русија постојано се заканува на земјите кои испорачуваат оружје на Украина.
Сепак, Роблес, исто така, рече дека Шпанија ќе дејствува „во рамките на своите можности и во координација со своите партнери” за да направи се што може за да ја поддржи „херојската храброст” на Украинците.
Вчера, весникот „Ел Паис” објави дека Шпанија планира да ја снабди Украина со околу 40 главни борбени тенкови произведени во Германија, обезбедувајќи ѝ на земјата модерни западни тенкови за првпат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…