Ковачевски смирува: Има храна и енергенси, нема потреба да се активираат стоковите резерви
Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
– Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло, посочи Ковачевски.
Во однос на храната, премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Тој додаде дека нема недостаток на храна во државата, бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседните држави Албанија, Грција и Србија.
За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи. Најави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема селекција во инспекциите и спроведување на законот на добрите практики на однесување во услови на најголема криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Благ пораст на цените на храната на…
Цените на храната благо пораснаа во април,…
Законот за нефер трговски практики да важи…
Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…
Европската комисија предлага да се продолжи со…
Важноста на одредбите од оваа Регулатива за…
Николовски: За една година се регистрирани нови 2.508…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо…
Замрзнатите цени на храната продолжени до 29…
Од Владата информираат дека на денешната владина…