Објавено на:

Ова е крајот на Џонсон, ги троши нашите милиони на Украина: Гневни читатели на “Дејли Мејл” го “касапат” премиерот

t

Читателите на британскиот весник Дејли Мејл ја критикуваа одлуката на владата на земјата да ја снабдува Украина со M270 MLRS.


Претходно, британското Министерство за одбрана ја објави својата намера да испрати наведувани ракети со дострел од 70 километри во Украина за системи за повеќекратно лансирање ракети М270. Министерот за одбрана Бен Валас потврди дека Лондон, по предупредувањата од Русија, нема да се откаже од плановите за испраќање муниција М270 МЛРС и М31А1 во Украина. Трансферот на оружје беше координиран со САД.

Во коментарите под веста, корисниците изразија загриженост за последиците од таквиот „акт“. Според нивното мислење, премиерот Борис Џонсон се обидува да го зголеми својот рејтинг поддржувајќи ја Украина.

“Ова ќе биде kraj за Џонсон. Тој е само разгалено дете кое си игра со големите чичковци”, напишал читател на Дејли Меил.


„Тој ризикува да не вовлече во конфликт само за да изгледа како добар светски лидер. Ќе му биде добро да почне да ја води својата земја“, додаде друг.


„Милијарди од нашите даноци се користат за да се поттикне кризата. Борис сака да изгледа добро, но тоа го прави да изгледа страшно“, нагласи друг коментатор.
Мора да се држиме настрана од сето ова“, го сподели своето мислење Британецот.
„Доцна е. САД веќе не привлекоа. Прашање на време е кога ќе отидеме предалеку во играта со Русија, а таа ќе мора да реагира“, се спротивставија тие како одговор.


Претседателот Владимир Путин во неделата рече дека Русија, во случај на испорака на ракети со долг дострел во Киев, ќе донесе свои заклучоци за удари врз оние објекти кои сè уште не се погодени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џонсон: Путин да беше жена, што очигледно…

Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја…