Ахмети: Не дека нема работа, младите се иселуваат оти гледаат дека другите си ги шетаат децата со хеликоптер
Не дека нема работа, а јас нема да кажам дека ќе направам фабрики и сите ќе се вработат, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во студиото на ТВ21.
„Не може да кажеме дека тие што бегаат не се патриоти туку тој бега за подобар стандард затоа што гледа дека соседот прави свадба 10, 20 или 50 илјади или синот го шета со хеликоптер и кога оди дома сите му се качуваат на врат дека ете тој е вреден а ти не си за ништо. Не е нереализирано може да се реализира, тоа е во наши раце, се затвараат неколку проблеми, се затвара прашањето со Бугарија, да се отворат преговорите и да се создаде националниот фронт против злосторниците, против криминалот, корупцијата. Друга алтернатива немаме“, рече Ахмети во студиото на ТВ21.
Во студиото прочитавме и прашање од наш гледач кој напиша: Вистина е дека за да се вработиш треба да плаќаш ако не си милитант на ДУИ не може да се вработиш. За ова имам факти и сведоци…една од адресите…?
„…тој што дава пари за да се вработи зашто не пријавуваш“, одговори Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…