Корупција во ДУИ, мисловна именка: Ахмети лично барал од СЈО и ОЈО да отворат случаи за ДУИ ама нема

t

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 кажа дека самиот барал и од Специјалното јавно обвинителство (СЈО)и од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отворат случаи за функционери на неговата партија, почнувајќи од него.

Кај него лично, Ахмети тврди дека не е пријавен ниту еден случај на корупција во кој е вмешан член или функционер на партијата.

„Кај мене не е пријавен ниту еден случај. Јас побарав во Специјалното обвинителство, верувајте, ова е од срце, побарав во Општото обвинителство, господа, отворете истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно ниво до локално ниво, почнете од мене. Не сум побарал да се почне од другите, почнете од мене“, вели Ахмети, повикувајќи ги и медиумите да отворат истражат случаи за функционери од неговата партија.

За неговиот имот, тој рече дека му е ист како и во 2002 година, односно тоа е богатството кое му го оставил татко му. Зборувајќи за корупцијата и за тоа колку милионери има во неговата партија, тој исто така ги повика новинарите да истражуваат и рече дека затоа ДУИ бара да се спроведе и ветинг.

„Колку милионери, нека пријават. Ова го велам со голема искреност. Против лошото не може да се бориме вака. Зошто ние бараме ветинг? Ние бараме да има ветинг во судовите, обвинителството, полицијата и за сите политичари. Сите да се вклучат во ветинг. Дајте да се солидаризираме“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…