Објавено на:

Њујорк со нови ограничувања за набавка на оружје

t

Гувернерката на американската сојузна држава Њујорк, Кети Хочул, потпиша пакет од 10 закони за контрола на оружјето, поставувајќи нови ограничувања за неговото купување по масовните престрелки во Бафало и Тексас.

На церемонијата на потпишување таа кажа дека „вака не може да се живее и дека ова е морален момент за жителите на Њујорк, но и за остатокот од нацијата“, пренесуваат британските медиуми.

-Следете го тоа што го направивме во Њујорк и конечно ќе бидеме на почетокот на крајот на ова насилство и масакри што се случуваат секој ден во нашата земја, рече гувернерката на Њујорк.

Таа, исто така, се додава, потпишала друг закон, што го ограничува купувањето на панцири отпорни на куршуми и панцири за службите за спроведување на законот или сродните професии.

Со законот, донесен пред неколку дена, се зголеми старосната граница за купување или поседување полуавтоматска пушка од 18 на 21 година.

Во повеќето места во Њујорк, се уште им беше дозволено на 16-годишници да имаат други видови пушки и сачмарки.

Оваа сојузна држава сега им се придружува на другите, како Флорида, Хаваи, Илиноис, Вермонт и Вашингтон, кои бараат заинтересираните лица да имаат најмалку 21 година за да можат да купат некој вид долго оружје. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Индија се откажа од купување на руските…

Индија го откажа договорот со Русија за…

Во пукотница во Њујорк осуммина ранети, меѓу…

Најмалку осум лица, меѓу кои и четири…

Се запали Бруклинскиот мост во Њујорк додека…

Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк…

Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!

Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…