Украина ќе добие над 6 милијарди евра од ЕУ за оружје и муниција
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе добие 6.1 милијарди евра од Европската Унија за набавка на противвоздушна одбрана, ракети, муниција и на радари, пренесува „Киев индепендент“.
Средствата се дел од заемот за поддршка на Украина од 90 милијарди евра, кој ЕУ го финализираше во април.
Со него треба да се покријат две третини од одбранбените и од буџетските потреби на Украина до крајот на 2027 година.
„На Денот на независноста на Украина, Европа покажува дека нашата поддршка е непоколеблива и конкретна. Додека Русија ги засилува нападите, ние ја зголемуваме нашата помош за Украина да го заштити својот народ и за да го брани своето небо. Европа стои со Украина и ќе ѝ го обезбедиме она што ѝ е потребно, кога ѝ е потребно“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Европската Унија стана главен воен снабдувач и партнер на Киев, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја прекина речиси целата американска воена помош за Украина.
Украина наведе дека има најитна потреба од противвоздушната одбрана, поради континуираните руски напади и поради намалените залихи на пресретнувачки ракети за системите „Патриот“.
Во последните денови од својот мандат, поранешниот министер за одбрана Михајло Федоров доставил девет списоци со предложена воена опрема до Европската комисија на одобрување.
Од деветте списоци што ги доставил Федоров, седум се одобрени, изјавил висок претставник на ЕУ. Со тоа, вкупниот број одобрени списоци се искачи на 11.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…