„Ден за кариерен развој“ на УКИМ
На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во организација на УКИМ и THRIVITY.
На отворениот настан за студентите, ќе учествуваат естаблирани компании од земјава и странство кои ќе имаат можност да ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.
-Интерактивниот настан ќе трае осум часа, а програмата ќе биде исполнета со панел дискусии и кратки мотивациски обраќања кои ќе ги поттикнат, насочат и ќе им помогнат на студентите во нивниот иден кариерен развој, информираат организаторите.
Теми на панелите се „Важноста на практикантството и подготовка за прво вработување на студентите“, како и „Хибридни професии – новата реалност за младите и компаниите“
Со свои штандови на настанот ќе се претстават повеќе од 25 компании, меѓу кои: Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, НЛБ Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Gerresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Варус/Бионика, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил и British American Tobacco.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…
УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети…
Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од…
НСС УКИМ: ПЛЕНУМОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ!
Пленумот кој е закажан за утре во…
НСС УКИМ ги повикува сите студенти на…
„Во име на студентската автономија, НСС УКИМ…
Студентски отпор: Ректорката Ангелова и министерката Јаневска…
Здружението Студентски отпор го осудува однесувањето на…