Радев и Донфрид разговараа за евроинтергацијата на Македонија

t

Претседателот на Бугарија, Румен Радев телефонски разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид за европската перспектива на Република С. Македонија, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата го осудиле како недозволиво палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Според Радев, палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола го извршиле луѓе кои се обидуваат да го попречат процесот на евроинтеграција.

Донфрид го осудила подметнувањето на пожарот, коментирајќи дека целта е да се поткопа преговарачкиот процес меѓу Бугарија и С. Македонија.

Радев и Донфрид разговарале и за партнерството меѓу Бугарија и САД во областа на одбраната, како и за последиците од војната во Украина за безбедноста во Источна Европа. Карен Донфрид ја потврдила цврстата посветеност на САД за партнерство со Бугарија за промовирање на безбедноста, демократијата и економските можности меѓу двете нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…