Концертот на Меморија се преместува на друга локација

t

Поради најавата за невреме и исклучително лоши временски услови на територијата на Скопје во сабота, 11 јуни, закажаниот концерт под отворено небо на групата „Меморија“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – „Борис Трајковски“.

Купените партер влезници важат, фан пит влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за седење на трибина на стадионот на АРМ по цена 1.200 денари, сега во салата ќе може да влезат две лица со една влезница.

Од овој момент натаму остануваат уште 2.500 слободни места за седење, за сите оние што се уште не набавиле влезница и допрва имаат намера да го сторат тоа, а нивната цена изнесува 700 денари.

Продажните места остануваат исти: Југотон – ГТЦ 1 кат- Скопје и онлајн на ‘купи карти за се’.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…