Азески бара преземање на итни мерки за пресретнување на евентуална ескалација на состојбата следната зима
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески бара државата веднаш да преземе мерки кои би значеле пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима. Бара штедење и од државата и од граѓаните и компаниите. Особено вели, мора да се штеди електричната енергија.
– Ние треба прво отворено да кажеме дека државата се наоѓа во тешка ситуација, нешто што јас го повторувам изминатите шест месеци и барам сериозна акција околу тоа. Имаме неколку состојби кои што дефинитивно констатирани можат многу тешко да ја погодат економската активност да дојде до затворање на компаниите и намалување на работните места – рече Азески.
Државата е насочена да го спасува граѓанството, вели, но ако не се сфати дека е потребна и поддршка на компаните, ако тоа не се случи ние ќе имаме сериозни проблеми.
– Чувствуваме дека Владата е насочена кон граѓанството, не кон фирмите, мислиме дека тој пат не е добар, да не речам погрешен и треба да има корекција. Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа со затворање на капацитетите ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален. Државата треба да се одрекне од некои комодитети веднаш и не треба да размислува за никакви алтернативи освен за запрегнување на ракавите и за фаќање во костец со проблемот – рече Азески во одговор на новинарско прашање на завршниот настан по повод успешно завршување на двете шестмесечни програми за претприемништво и лидерство и програмата за развој на мали и средни бизниси.
Според него, треба да се штеди на се. Државата, нагласува, треба да го поттикне тој процес и ние сите да го прифатиме, затоа што сето тоа може да биде значајно во овој период. Ниту едно од отворените прашања кои ја содадоа кризата не е решено, нагласува Азески, поради што мора да се користат сите механизми да за справување со состојбите.
– Би ги користел сите механизми кои можат да доведат до пресретнување на ситацијата која може да ескалира со доаѓањето на зимата – потенцира претседателот на Комората.
Особено проблематичен, според него, може да биде порастот на цената на струјата која влијае на работата на компаниите. Државата, односно континуирано сите Влади, нагласува, се тие што доведоа до ситуација да неамаме доволно сопствено производство да ги задоволиме сопствените потреби.
– Ние имаме дефинирани предлози, бараме намалување на потрошувачката веднаш со директни акти на државата затоа што кај нас не може да се намали нешто со убедување. Државата да најде механизам да ја намали потрошувачката за 10 до 20 проценти, а да го зголеми нивото на производтсво на електрична енергија за 20 отсто. На таков начин би се створил гап од 40 проценти, кој би се употребил за некакво регулирање на цената на струјата што се испрачува кон фирмите – рече Азески.
Смета дека е крајно време да се направи се што е во наша моќ да се пресретнат некои состојби кои ми можеле да се случат следната зима.
– Да создадеме услови за нешто што може реално да се направи, да се намали потрошувачката, да се зголеми производството, да се направи она што е можно во моментот, затоа што ние губиме време со секој изминат ден до грејната сезона која, кога ќе дојде се настанат значителни проблеми. Ако кажам дека може да има и други проблеми кои ќе настанат на меѓународен план, овие што ги зборуваме ќе бидат маргинални. Затоа велам дека треба да си ги решме нашите, барем оние кои можеме и да бидеме свесни дека може да има и други проблеми како на пример во испораката на гас – вели Азески.
Според него, има и сериозни индикации дека има невообичаени движења кај фирмите во делот на трансакциите, особено кај фирмите кои се бават со трговија и оти можно е да има инфлаторен притисок од таа страна. Затоа, според него, потребни се контроли кои ќе бидат во таа насока да се направи обид да се спречат определени процеси кои можат да влијаат на севкупната економија.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…