Италијански министер: Милиони би можеле да умрат од глад доколку Русија не ги ослободи пристаништата
Италија предупредува дека милиони луѓе би можеле да умрат од глад доколку Русија не ги ослободи украинските пристаништа на Црното Море, јавува Би-би-си.
„Блокирањето на извозот на жито значи држење заложници и осудување на милиони деца, жени и мажи на смрт“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, по состанокот во кој учествуваа и други медитерански земји и Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).
Ди Мајо додаде дека следните неколку недели ќе бидат клучни. Неговите зборови се одраз на загриженоста на меѓународната заедница мотивирана од неспособноста на Украина да извезува храна на нормални начини. Украина е еден од најголемите извозници на житни култури во светот.
Русија негира дека нејзината инвазија предизвикува глобална прехранбена криза. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека сега останува на Украина да го расчисти морето околу пристаништето и да им дозволи на бродовите безбедно да пловат.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во вторникот изјави дека украинските пристаништа Бердјанск и Мариупол, кои беа окупирани од руските сили, се деминирани и се подготвени да ја обноват трговијата со жито. „Деминирањето на пристаништето Мариупол е завршено. Тоа функционира нормално и ги прими првите товарни бродови“, рече Шојгу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…
Италија треба да го прекине договорот со…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…