Објавено на:

Бајден го потврди учеството: Претседателот на САД ќе отпатува за самитот на Г7, потоа и на НАТО

t

Американскиот претседател, Џо Бајден ќе отпатува за Германија на самитот на Г7 на 25 јуни годинава, а потоа ќе учествува на самитот на НАТО во Шпанија на 28 јуни, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Бајден ќе присуствува на самитот на Г7 во Шлос Елмау во јужна Германија, на кој лидерите на земјите-членки ќе разговараат за војната во Украина и енергетската и прехранбената криза, изјави Жан-Пјер.

Таа додаде дека главна тема на самитот на НАТО во Мадрид се очекува да биде трансформацијата на Алијансата во следната деценија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства при…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…