Објавено на:

Авион без дозвола прелетал 4 држави

t

Двомоторен авион „Бичкрафт“ со две лица синоќа без дозвола прелетал над воздушниот простор на Унгарија, Романија, Србија и Бугарија, соопшти романското Министерство за одбрана.

Романското Министерство за одбрана соопшти дека авионот што го прелетал романскиот воздушен простор на рутата која ги опфаќа Орадеа, Карансебес и Дробета-Турну Северин не покажувал знаци на непријателство или опасно однесување.

„Пилотот не одговори на радио повиците и визуелните сигнали од воените авиони што го придружуваа леталото во согласност со меѓународните правила“, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Според достапните информации, авионот полетал од реонот на унгарскиот град Дебрецен вчера околу 17.30 часот, без одобрение и план за лет и со исклучени транспондери.

Два унгарски воени авиони го придружувале леталото во унгарскиот воздушен простор.

На авионот околу 19 часот му биле потребни околу две минути да прелета низ воздушниот простор на Србија и потоа да влезе во воздушниот простор на Бугарија.

„Бугарските власти работат на терен и ја испитуваат последната позната позиција на авионот со цел да се идентификува и да се откријат дополнителни детали“, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Курти: Србија шири пропаганда за насилство врз…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека секој…

Џипинг за српска „Политика“: Нека светлината на…

Авторски текст на Претседателот на Народна Република…

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

За 25 години Србија ќе изгуби 3.000…

Во Србија моментално има 4.720 села, а…