Бајден: Поради тоа што сме демократија, пристапуваме кон нашите разлики со меѓусебна почит
Демократијата е важен елемент за иднината на Америка, оцени вчера американскиот претседател Џо Бајден, на отворањето на големиот регионален состанок во Лос Анџелес.
-Нашиот регион е голем и разнолик. Не сме секогаш согласни за сè. Но, поради тоа што сме демократија, пристапуваме кон нашите разлики со меѓусебна почит и дијалог, додаде Бајден.
На Самитот на американските држави не присуствуваа претседатели на одредени земји, како на Мексико, Гватемала, Боливија, Хондурас.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ѝ забележа на Белата куќа поради тоа што ги исклучи Куба, Никарагва и Венецуела.
Американската администрација одлуката ја оправда со сомнежот за недостиг од демократски простор и од почитување на човековите права.
Бајден го пофали воспоставувањето на американското партнерство за економски напредок за да се поттикне поинклузивен раст во Латинска Америка.
Состанокот треба да ја покаже подготвеноста на администрацијата на Бајден, да ги поттикне и обнови врските со земјите од Латинска Америка, во време кога Кина масовно вложува на тие простори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…