Гутереш: Нè очекува економски хаос
Руската инвазија на Украина е една од глобалните кризи што предизвика најголемо зголемување на трошоците за живот во една генерација, соопштија Обединетите нации.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека светот се соочува со „нова реалност“ три месеци по почетокот на украинската војна, за која рече дека ги влошува ефектите од климатските промени, Ковид-19 и светската криза на нееднаквост.
Околу 1,6 милијарди луѓе во 94 земји се тешко погодени од барем една димензија на кризата, се вели во најновиот извештај на Глобалната група за одговор на кризи (GCRG) за украинската криза.
Социјален и економски хаос
„За луѓето ширум светот, војната, заедно со другите кризи, се заканува да предизвика невиден бран на глад и сиромаштија, оставајќи социјален и економски хаос зад себе“, рече Гутереш на прес-конференција на која го презентираше извештајот.
– Ниту една земја нема да остане недопрена од кризата поради трошоците за живот, рече тој.
Луѓето ширум светот ќе се соочат со глад и трошоците за енергија нагло ќе се зголемат, додека приходите на многу работници ќе се намалат. Бројот на луѓе чие снабдување со храна е загрозено е двојно зголемено во последните две години, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…