Војната во Украина педизвика една од најголемите бегалски кризи
Речиси пет милиони Украинци се регистрирани како бегалци низ Европа откако Русија ја започна својата инвазија пред помалку од четири месеци, соопштија во четвртокот Обединетите нации.
„Војната во Украина предизвика една од најголемите бегалски кризи“, изјави Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Податоците покажуваат дека од 24 февруари досега вкупно 4.816.923 Украинци се регистрирани како бегалци во 44 европски земји.
Многу повеќе всушност ја напуштиле земјата, а податоците на УНХЦР покажуваат дека до 7-ми јуни биле регистрирани повеќе од 7,3 милиони гранични премини од Украина. Уште 2,3 милиони луѓе се вратиле во земјата, покажуваат податоците.
Според ОН, жените и децата сочинуваат 90 отсто од бегалците во странство, а мажите на возраст од 18 до 60 години ги исполнуваат условите за воена служба и не можат да ја напуштат Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…