Објавено на:

Путин ја одложи познатата „Директна линија“

t

Рускиот претседател ја одложи познатата „Директна линија“, односно тоа претставува неколкучасовен телефонски разговор во живо на кој Путин одговара на прашањата за секојдневните проблеми на руските граѓани.

Не е дефинирано зошто годинава е откажана традицијата, но и за кога ќе се презакажува овој настан.

Годишниот телефонски маратон на рускиот претседател Владимир Путин, „Директна линија“ нема да се одржи овој јуни за прв пат по речиси две децении.

Ова е првпат програмата, во која граѓаните директно му се обраќаат на рускиот лидер за нивните секојдневни проблеми, да се одложи од 2004 година. Во изјавата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека настанот ќе се случи подоцна, иако сè уште не е дефинирано кога тоа би можело да се случи.

Владата минатата недела објави дека Путин би можел да го одржи својот маратонски телефонски разговор за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург меѓу 15 и 18 јуни, но Песков овојпат не го потврди тоа.

Уште еден редовен претседателски настан, обраќањето на Путин во Федералното собрание на Русија, исто така беше одложено во април, а ново обраќање се уште не е прецизирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…