(Фото) Бугарски пратеник: Нека ме водат на полиграф, ова е белешка на Петков за кревање на ветото за Македонија!
Белешка наводно напишана од самиот бугарски премиер Кирил Петков за тоа како да се укине ветото за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, прикажа денеска бугарскиот пратеник Станислав Балабанов.
Балабанов, кој е пратеник од партијата на Слави Трифонов, Има таков народ, која најави излегување од владината коалиција, во изјава за емисија на БТВ рече дека оваа белешка ја напишал самиот Петков на лист од службените тефтери на Советот на министри во возот за Киев, каде оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Подготвен сум да бидам подложен на детектор за лаги за оваа белешка, а во Бугарија има добри стручњаци за графологија кои можат да докажат дека овој фонт е всушност ракопис на премиерот, рекол Балабанов.
Тој појаснил дека планот на Петков бил прво да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни бугарските барања.
На прашањето на водителот во емисијата какви се гаранциите дека тоа ќе се случи, Балабанов одговорил дека гаранција е Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…