Баздникин: И покрај непријателските чекори, чувствуваме искрена поддршка од многу македонски граѓани

t

На официјалниот налог на Твитер на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија доцна ноќва осамнаа три врзани објави од амбасадорот Сергеј Баздникин чија поента е дека „Северна Македонија“ во моментов води антируска политика, со која не се согласуваат многу македонски граѓани.

„Русија е уникатна земја со огромен потенцијал. Секој обид таа да биде изолирана, ‘откажана’, ‘пречкртана’ на мапата на светот во принцип е осуден на неуспех. Со длабоко жалење забележуваме дека кон ваквите деjства се придружуваат во Северна Македонија. Оваа ситуација ја сметаме за неприродна – со македонскиот народ историски имаме блиски пријателски врски, засилени со нашето духовно и културно сродство, со заедничките словенски корени. И покрај непријателските чекори – често, морам да кажам, акцентирано непријателски, кои секако ги забележуваме и ги земаме предвид – чувствуваме искрена поддршка од многу македонски граѓани. Благодарни сме на сите за принципиелниот став, кој во сегашните услови бара храброст“, е содржината на трите врзани твита на Баздникин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…