Зеленски алармира: Позитивниот одговор од ЕУ за членство на Украина е одговор на прашањето дали европскиот проект има иднина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека потврдниот одговор од Европската унија на кандидатурата на неговата земја за членство ќе биде историски момент за Европа, пренесе ДПА.
-Позитивниот одговор од Европската унија на апликацијата на Украина за членство во ЕУ би бил позитивен одговор на прашањето дали европскиот проект воопшто има иднина, рече Зеленски во Киев за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон Лајен.
Украинскиот народ, додаде Зеленски, „веќе даде огромен придонес во одбраната на заедничката слобода“, пренесе ДПА.
Во следните неколку дена Комисијата се очекува да ја објави својата оценка за тоа дали Украина треба да добие статус на кандидат за ЕУ.
Киев е благодарен за неодамна усвоениот шести пакет санкции на ЕУ против Русија, кажа украинскиот претседател. „Но, војната за жал продолжува, па затоа е потребен седми пакет санкции, што треба да биде уште посилен…“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…