Објавено на:

Зеленски алармира: Позитивниот одговор од ЕУ за членство на Украина е одговор на прашањето дали европскиот проект има иднина

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека потврдниот одговор од Европската унија на кандидатурата на неговата земја за членство ќе биде историски момент за Европа, пренесе ДПА.

-Позитивниот одговор од Европската унија на апликацијата на Украина за членство во ЕУ би бил позитивен одговор на прашањето дали европскиот проект воопшто има иднина, рече Зеленски во Киев за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон Лајен.

Украинскиот народ, додаде Зеленски, „веќе даде огромен придонес во одбраната на заедничката слобода“, пренесе ДПА.

Во следните неколку дена Комисијата се очекува да ја објави својата оценка за тоа дали Украина треба да добие статус на кандидат за ЕУ.

Киев е благодарен за неодамна усвоениот шести пакет санкции на ЕУ против Русија, кажа украинскиот претседател. „Но, војната за жал продолжува, па затоа е потребен седми пакет санкции, што треба да биде уште посилен…“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…