Две возила оштетени на улица „Ленинова“ откако падна дрво
Две возила се оштетени откако врз нив попладнево на улица Ленинова (Аминта Трети) во Скопје, падна половина дрво – липа. Двете возила се оштетени, но за среќа нема повредени. Паднатото дрво оштети и кабли од околните бандери.
Станарите од соседните згради велат дека слушнале силен звук на кршење на дрво, а потоа и удар и звук на скршено стакло.
Се претпоставува дека причината за паѓањето на дрвото е дождот што интензивно врнеше деновиве, а особено денеска.
Дел од станарите велат дека подолго време јавувале до надлежните дека има оштетени гранки на дрвјата кои претставуваат потенцијална опасност за минувачите.
Еден од станарите од околните згради вели дека бил и до општина за да пријави за падот на дрвото и за оштетените кабли и возила, со цел да дојдат надлежните служби и да ја расчистат улицата, но не добил никаков одговор.
Во меѓувреме, на терен беа од сообраќајната полиција кои правеа записник за штетата врз возилата.
Фото: Независен.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…
Некој пукал во бик со воздушна пушка…
Жител на тетовското село Волковија пријавил во…
32 бебиња се родиле викендов на ГАК!
Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…
Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…