Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум да разговарам со сите
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика на дијалог, овој пат поставувајќи ја поканата на бетонски клупи пред неговата канцеларија.
Тој рече дека е подготвен да седне на преговарачка маса со секој што верува во дијалогот и во шансата да ја направи Албанија подобра преку размена на мислења и покрај постојните разлики, објави „Албаниан пост“.
„Повторно, и повторно, и повторно, повикот за дијалог и подготвеноста да се биде со секој што бара и верува во дијалог е тука. Подготвен сум да разговарам насекаде, на кое било место, во кое било време, со оние кои веруваат дека Албанија мора да стане подобра и дека Албанија станува подобра со човечност, со размена и соочување на мислења, без разлика колку се спротивставени“, рече Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…