Објавено на:

Сијарто: Нуклеарната централа Пакс ќе биде довршена до 2030 година

t

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска најави дека „вистинските градежни работи“ на доградбата на нуклеарната централа Пакс може да почнат откако ќе се добијат сите потребни дозволи од Управата за атомска енергија.

-Ние ја градиме нуклеарната централа Пакс за да можеме од 2030 година да се ослободиме од сите неизвесности на меѓународниот енергетски пазар и да ја одржиме нашата шема за намалување на цените на комуналните услуги на долг рок, рече Сијарто, пренесува МТИ.

„Една од најсериозните кризи во светот е енергетската криза“, рече Сијарто во видео објавено на Фејсбук, додавајќи дека во наредните години, земјите кои ќе можат да произведат значителен дел од потребната енергија ќе имаат голема предност во однос на оние кои тоа не ќе го можат да го сторат.

-Дозволата за изградба на дијафрагмата на ѕидот и дозволата за стабилизација на почвата се најважните предуслови за реализација на проектот. Првата дозвола веќе е добиена, а бидејќи денеска е примена и втората, може да почнат „вистински градежни работи“, истакна Сијарто, пренесува унгарската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…

Заменик претседателот на Владата и министер за…

Муцунски: Се заблагодарив за брзата реакција од…

Поддршка од Унгарија за справување со пожарите.…

Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…

Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…