Од јахти и приватни авиони до десетици милијарди евра: Унгарија отвора истрага за богатството создадено во ерата на Орбан
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата партија Тиса сакаат да ги вратат парите и имотот кои, на сомнителен начин, завршиле кај семејството на соборениот унгарски лидер Виктор Орбан, кај неговите сојузници, разни олигарси или луѓе што служеле како нивни паравани. Новата влада сака тие средства повторно да бидат ставени во функција на државата, а истовремено планира и законски да ги повика на одговорност оние што имале корист од нив, пишува германски „Дојче веле“.
Новата унгарска влада на Петер Маѓар почна институционална пресметка со богатството и корупциските практики поврзани со ерата на Виктор Орбан. Маѓар претходно процени дека станува збор за околу 60 милијарди евра украдени или пренасочени средства, додека, пак, некои проценки ја зголемуваат сумата и до трипати.
Во фокусот се имотите, јавните договори и парите што во изминатите години завршувале кај семејството на Орбан, негови политички сојузници и блиски олигарси. Периодот на неговото владеење беше обележан и со слики од луксузни имоти, пишува весникот, приватни авиони и јахти, додека истовремено Унгарија се соочуваше со сиромаштија, запуштена инфраструктура, проблеми во здравството и образованието и висок буџетски дефицит.
За расчистување со таквото наследство, владата ја формираше Националната управа за враќање на имотот – НВВХ, тело со широки истражни, полициски и обвинителски овластувања. Институцијата треба да утврди каде завршувале јавните пари и како бил користен државниот имот, со главен фокус на периодот од 2010 година наваму.
На чело на НВВХ е избрана политикологот Ана Унгер, чиј избор предизвика полемики бидејќи не е правник ниту познат специјалист за антикорупција. Таа оцени дека во времето на Орбан во Унгарија функционирал речиси „феудален систем“, кој мора темелно да се разоткрие.
Дополнителни критики предизвика нејзината изјава дека во првиот шестгодишен мандат на институцијата не треба да се очекуваат правосилни пресуди во најголемите корупциски случаи. Токму брзината и резултатите од овие истраги сега се сметаат за еден од најголемите тестови за владата на Маѓар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од јахти и приватни авиони до десетици…
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…
По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија…
Од 1 јануари, најниската старосна пензија во…
Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…
Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…
Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…
Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…
Автобус од Полска излета од пат во…
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…