Стартни состави: Македонија со седум промени против Гибралтар
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, очекувано го измеша составот и на дуелот против Гибралтар ќе има седум промени во однос на последниот натпревар против Грузија.
Во секоја линија ќе има по најмалку две промени. Меѓу стативите е Дамјан Шишковски на местото на Столе Димитриевски, а во одбраната ќе ги нема Муслиу и Велковски, ќе играат Серафимов и Зајков. Исто така новитет на левата бековска позиција е Кире Ристевски, десно на местото на Ашковски ќе игра Тодор Тодороски.
Во средниот ред ќе имаме тројца стандардни фудбалери, измена е стартерот Бобан Николво на местото на Стефан Спировски, додека во нападот прекомандуван е Езџан Алиоски кој ќе има повеќе офанзивна улога на овој дуел и го зазеде местото на Александар Трајковски. Во шпицот од првата минута тргнува Бојан Миовски на местото на Милан Ристовски.
МАКЕДОНИЈА (4-3-3): Шишковски; Тодороски, Серафимов, Зајков, Ристевски; Николов, Елмас, Барди; Алиоски, Миовски, Чурлинов
ГИБРАЛТАР (4-3-3): Банда; Лопес, Оливеро, Анесли, Чиполина; Брито, Каскиаро, Вајсмен; Вокер, Ториља, Валарино
Натпреварот меѓу Македонија и Гибралтар се игра со почеток од 18:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Ова е последен натпревар за нашиот национален тим во јунскиот термин кој беше пеколен, со четири меча, две гостувања и две домашни средби, во само десет дена.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Нема веќе граница меѓу Шпанија и Гибралтар
Европска унија и Велика Британија денеска во…