Заменик претседателот на Владата во посета на Брисел
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска и утре ќе биде во официјална посета на Брисел, каде што претставници на Европскиот парламент и на Европската комисија ќе разговараат за процесот на европска интеграција на С. Македонија и актуелните настани во регионот, во пресрет на одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, информира прес-службата на Маричиќ.
Како што се наведува во соопштението, денеска вицепремиерот Маричиќ ќе се сретне со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, а ќе разговара и со Симон Морду, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
За утре е предвиден брифинг на Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), на кој ќе информира за напредокот на земјата во реформите во насока на подготовка на земјата за почеток на преговорите за членство со ЕУ, по што ќе следи средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со координаторот на Европската комисија за С. Македонија, Марк Јорна.
Посетата на Брисел, вицепремиерот Маричиќ ќе ја искористи да се сретне и со Илхан Ќучук, бугарски европратеник и известувач за Република С. Македонија во Европскиот Парламент, а ќе ја посети и Партијата на европските социјалисти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…
Република Македонија мора да покаже политичка волја…
Европската Унија ќе ја затвори канцеларијата на…
Брисел барал од МОН И Националната агенција…
Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…
Не знам дали Северна Македонија навистина сака…
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…
„Бугарија останува посветена на сите елементи од…