Машала: Русија заработила 93 милијарди евра само од продажба на нафта во првите 100 дена од војната
Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива за време на првите 100 дена од војната во Украина, а повеќето биле продадени во Европската унија по просечна извозна цена за околу 60 отсто повисока од минатата година, се вели во извештајот на независниот Центар за истражување на енергија и чистиот воздух (CREA).
Објавените податоци откриваат дека земјите-членки на ЕУ купиле 61 отсто од вкупната количина на извезени фосилни горива во вредност од околу 57 милијарди евра од почетокот на војната во Украина.
Најголеми поединечни увозници на руски фосилни горива беа Кина со 12,6 милијарди евра, Германија со 12,1 милијарди и Италија со 7,8 милијарди. Некои земји дури го зголемија увозот на руски фосилни горива, како што се Кина, Индија, Обединетите Арапски Емирати и Франција.
Русија имаше најголеми приходи од продажба на сурова нафта (46 милијарди), а потоа следат гасот, нафтените деривати, течниот природен гас и јагленот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Голем пад на цените на нафтата на…
Цените на нафтата паднаа под 76 долари…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…