Објавено на:

Пчели нападнале двајца мажи во Словенија, едниот почина

t

Во околината на Шкофја Лока во Словенија вчера утрото две лица биле нападнати од пчели, а едно починало од убоди.

Пожарникарите и спасувачите згрижиле еден маж, додека друг починал на пат кон болницата во Љубљана.

– До пристигнувањето на спасувачите, пожарникарите на ПГД Буковица им пружиле прва помош на повредените – јавува Дирекцијата за заштита и спасување на Република Словенија на својата веб-страница.

Пчеларите требаше да ги донесат кошниците во сабота, а вчера имаа намера да ги постават и правилно да ги сортираат. Според информациите, дел од кошницата пропаднала, а пчелите ги нападнале и двајцата.

Помладиот побегнал во шумата пред пчелите, додека постариот се повлекол кон автомобилот. Според некои информации, тој имал намера да ги смири пчелите со дим од цигара, но кога помладиот се вратил од шумата, наводно го нашол во тешка состојба на земја, пишува „Дневник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…

Полициски службеници од СВР Охрид на 26…

Невреме со град и поројни дождови ја…

Силно невреме проследено со град, обилни врнежи…

Оса уби свештеник во Словенија – го…

Словенечкиот католички свештеник Роберт Емершич почина по…

Хаос во Словенија: Силна бура активираше 50…

Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика…