Топлотен бран низ Франција
Топлотен бран со температури и до 40 степени ќе го зафати поголемиот дел на Франција. Во Париз е можна температура од околу 37 степени, соопшти француската метеоролошка служба.
Високите температури ќе траат од среда до сабота, а топлиот бран најмногу ќе го зафати јужниот дел на земјата. До 40 степени се очекуваат во Тулуз, Бордо, Бијариц, Лион.
Температурите ќе бидат малку пониски, од околу 37 степени, во Париз и во Рајна. Во Лил, како најсеверен град, се очекува температура близу 34 степени.
Топлиот бран доаѓа од Португалија, а метеоролозите додаваат дека потопло ќе биде и ноќе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…
Медузи ги запреа трите реактори на една…
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…