Скопје ќе гори: TYGA на Fusion Festival во Скопје на 22 јуни

t

Денес во 11:00 ч. во хотел Парк се одржа прес конференција по повод овогодинешното издание на Fusion Festival каде како headliner ќе настапи глобалната мега звезда TYGA.

На самата прес конференција беа изнесени сите детали околу и за фестивалот, со посебен акцент дека конечно во Македонија доаѓа актуелна супер звезда од светски ранг и дека со тоа е остварена желбата на десетици илјади фанови од целиот Балкан и пошироко. За потребите на фестивалот обезбедена е најдобрата аудио и видео опрема, поддржана со фантастични сценски ефекти.

Покрај главниот headliner TYGA, на фестивалот ќе настапат и најдобрите македонски претставници на Hip Hop и Trap музиката, Irie Scratch, Dj Shorty P и Young Dadi, а фестивалот ќе го затвори со свој dj set одличниот Ampov.

„Огромна е честа и задоволството да се биди на иста сцена со дефинитивно еден од најголемите и најактуелни светски мегазвезди. Од почетокот на мојата кариера песните на Tyga се обавезен дел од мојот сет, како еден од пионерите на современата Hip Hop и Trap музика со безброј хитови и награди“, вели Irie Scratch.

Фестивалот Fusion Festival инаку ќе се одржи на 22.06.2022 на стадион АРМ – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…