Шарл Мишел утре во посета на Македонија

t

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре доаѓа посета на Република Македонија.

Мишел во „Вила Билјана” во Охрид ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски и Мишел ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог што ќе се одржи во Охрид од утре до 18 јуни во организација на Владата на Македонија.

Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Пред да ја посети земјава претседателот на ЕС Мишел беше во посета на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…