Објавено на:

345 санкции за брзо возење

t

Во текот на вчерашниот ден (14.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република С. Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи.

Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 122 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…