Британија со нова помош за Украина: Ракетен систем кој има подобар дострел од руската артилерија
Велика Британија наскоро ќе испорача кон Украина ракетни системи со повеќекратно лансирање како одговор на нејзиното барање за тешко вооружување за да се одбие руската инвазија, изјави во средата британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Следејќи ги стапките на САД, Лондон на 6 јуни објави дека ќе го испрати кон Украина својот ракетен систем со водено повеќекратно лансирање, кој има подобар дострел и прецизност од руската артилерија.
„Мислам дека тоа е неизбежно, нивното доставување и муницијата треба да оди заедно“, им рече Валас на новинарите во Осло на маргините на состанокот на Здружените експедициски сили што ги групираат 10 северноевропски земји.
Киев, чии сили се борат да го одбранат регионот Донбас во источна Украина, постојано ги повикува своите сојузници да обезбедат повеќе тешко вооружување.
Во вторникот, заменик-министерката за одбрана на Украина Гана Малиар рече дека земјата добила само „околу 10 отсто“ од оружјето што и е потребно.
Покрај ракетните системи со повеќекратно лансирање, Валас рече дека Британија исто така размислува да испрати противбродски ракети Харпун, што, како што рече, Данска и Холандија исто така го ветиле.
Норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам, зборувајќи заедно со Валас, рече дека Осло, исто така, „размислува дополнителни донации“ за Украина, покрај 22-те хаубици М-109, стотина противвоздушни ракети Мистрал и околу 4.000 противтенковски оружја М72 кои веќе се обезбедени.
Нивните забелешки дојдоа само неколку часа пред состанокот во Брисел на „речиси 50 земји“, според американскиот амбасадор во НАТО, на кој заедно со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараат за воената помош за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…