Бајден: Во Украина испраќаме оружје вредно милијарда долари
Американскиот претседател Џо Бајден оствари телефонски разговара со украинскиот колега Володимир Зеленски пред најавата дека САД ќе испратат нов пакет воена и хуманитарна помош за Украина.
„Повторив дека САД силно ја поддржуваат Украина, која ја брани нејзината демократија и нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, кои се загрозени од неиспровоцирана руска агресија“, порача Бајден во соопштение објавено од Белата куќа.
„Го информирав претседателот Зеленски дека САД ќе испратат уште еден пакет безбедносна помош за Украина вреден милијарда долари, кој вклучува артилерија и оружје за одбрана на брегот, напредни ракетни системи и артилериска муниција што им е потребна на Украинците за нивните одбранбени операции во Донбас“, нагласува американскиот претседател.
Бајден и Зеленски последен пат телефонски разговараа во април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…